Дописници МКДОпштински вести

Општина Гевгелија најави санкции против фрлачите на ѓубре на дивата депонија кај Негорци

Општина Гевгелија денеска најави дека преку надлежните служби ќе спроведе акција за инспекциски надзор и дека ќе ги преземе сите законски санкции против прекршителите на забраната за депонирање на комуналниот отпад на дивата депонија кај Негорци.

Гевгелија, 23 јули 2019 (МИА) – Општина Гевгелија денеска најави дека преку надлежните служби ќе спроведе акција за инспекциски надзор и дека ќе ги преземе сите законски санкции против прекршителите на забраната за депонирање на комуналниот отпад на дивата депонија кај Негорци.

Најавата на општината уследи откако  жителите и компаниите од Негорци продолжуваат да не го почитуваа договорот за депонирање на отпад откако дивата депонија беше исчистена од страна на гевгелиски „Комуналец“. Депонијата сега и иста како претходно, како да не е исчистена.

По чистењето на депонијата, фирмите од Негорци и околината,вклучувајќи ја и индустриската зона „Блокотехна“, требаше да се договорат со „Комуналец“ и да го регулираат начинот на депонирање на нивниот отпад. Но, тоа не само што не го сториле туку продолжиле отпадот да го фрлаат на провизорната депонија покрај патот Негорци-Серменин. Поради таквата состојба, општина Гевгелија најави инспекциски надзор и санкции против прекршителите. им/ир

 

Таг
Back to top button
Close