0_Спорт.ПорталТенис

Ѓоковиќ прв финалист на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ е првиот финалист на годинешниот Вимблдон, откако во полуфиналето го порази шпанскиот тенисер Роберт Баутиста-Агута

Лондон, 12 јули 2019 (МИА) – Новак Ѓоковиќ е првиот финалист на годинешниот Вимблдон, откако во полуфиналето го порази шпанскиот тенисер Роберт Баутиста-Агута.

Првиот тенисер на светот, со 3:1 во сетови, односно 6:2, 4:6, 6:3, 6:2 во гемови беше поуспешен од Баутист-Агу, со што в недела ќе го чека својот противник кој ќе биде решен на дуелот меѓу Надал и Федерер.

Српскиот тенисер на финалето ќе се бори за својата петта титула на Вимблдон, што ако ја освои би била втора по ред. Единствениот пораз на Новак во финалето се случи во 2013 година против Енди Мареј.

Инаку, Ѓоковиќ трипати играл на Вимблдон и со Надал и со Федерер, од кои има по две победи и еден пораз. ем/ми/

Таг
Back to top button
Close