Верски календар

Од верските календари

24 јули 2019 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 јули. Денеска е Св. великомаченица Ефимија.

24 јули 2019 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 јули.

Денеска е Св. великомаченица Ефимија.

Света Ефимија се слави во месец февруари, а на денешен ден црквата се сеќава на нејзината помош на отците од Четвртиот вселенски собор од 451 госина, кој се одржа во градот Халкидон. Имено, кога разумните уверувања не успеаа да ги разуверат еретиците монофизити, беше договорено да се запишат двете исповедања православното и монофизитското и да се стават во ковчегот со моштите на света Ефимија. До ковчегот беше поставена царска стража, за да се оневозможи секоја измама. После три дена поминати во пост и молитва, отците го отворија ковчегот и го најдоа православното исповедање во раката на света Ефимија, а монофизитското под нејзините нозе.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. маченици за верноста кон Христос.

Благословениот Јосип Фернандез од Шпанија, како мисионер во 1805 година отишол на Далечниот Исток во Тонкиг. Непријателите на христијанството побарале од него дасе откаже од верата. Му се заканувале дека ќе му ја отсечат главата ако не ја исполни нивната наредба. Маченикот на верноста им одговорил: „Не, ако сакате убиј те ме, јас никогаш нема да се откажам од верата”. Благословениот Јосип умрел маченички во 1838 година.

###

Back to top button
Close