Верски календар

Од верските календари

23 јули 2019 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 јули. Денеска е Св. 45 Никополски маченици.

23 јули 2019 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 јули.

Денеска е Св. 45 Никополски маченици.

Овие 45 маченици, ме|у кои се спомнуваат имињата на Леонтиј, Маврикиј, Антониј, Александар, пострадаа за време на римскиот цар Ликиниј, во 319 година. Пострадаа во градот Никопол. Беа фрлени во оган, а остатоците во реката Ликос. Сепак, моштите им испливаа на брегот на реката. Некои христијани ги зедоа и чесно ги погребаа, а подоцна тука беше подигнат храм во нивна чест.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Бригита.

Била родена во Шведска, во 1303 година. Се омажила и имала осум синови. Стапила во дружината на свети Фрањо. По смртта на нејзиниот маж живеела аскетски покорнички живот. Основала заедница и отишла во Рим. Напишала многу книги во кои ги опишала сопствените мистични доживувања. Света Бригита умрела во Рим, во 1373 година.

###

Back to top button
Close