Временска прогноза

Облачно со повремен дожд и со слаб до умерен претежно северен ветер

Скопје, 16 јули 2019 (МИА) – Времето во земјава ќе биде претежно облачно со повремен дожд и посвежо, особено на југозападот каде што ќе има пообилни врнежи од дожд проследени со повремени грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер, кој на западот краткотрајно ќе засилува. УВ=5

Утринската температура ќе се движи од девет до 19, а дневната температура од 15 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд и посвежо. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер, кој на западот краткотрајно ќе засилува. УВ=5

Утринската температура ќе достигне до 14, а дневната температура до 24 степени.

Во среда и четврток ќе се задржи стабилно и суво, а температурите брзо ќе се покачат. Кон крајот на неделава во попладневните часови повторно ќе има појава на локални врнежи и грмежи.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close