Обичаи и верувања

Обичаи и верувања

19 јули 2019 Преподобен Сисој Велики  Преподобниот Сисој Велики е роден во Египет и бил ученик на свети Антониј Велики, кој го вовел во монашкиот живот. По смрта на свети Антониј преподобнот Сисој живеел во пустина, на планината што носела име Антониева поради тоа што на неа се подвизувал св. Антониј Велики.

19 јули 2019

Преподобен Сисој Велики

Преподобниот Сисој Велики е роден во Египет и бил ученик на свети Антониј Велики, кој го вовел во монашкиот живот. По смрта на свети Антониј преподобнот Сисој живеел во пустина, на планината што носела име Антониева поради тоа што на неа се подвизувал св. Антониј Велики. Како што пишува во житието со подвизување и молитви достигнал такво совршенство што бил незлоблив како дете. Господ го дарувал со многу дарови, како на пр. да воскреснува мртви, да лекува болни, да истерува ѓаволи итн. Кај него доаѓале многу монаси и мирјани пред сè за совети, бидејќи бил исполнет со мудрост. Во пустината се подвизувал цели 60 години. Пред смртта лицето му засветело како сонце, а кога испуштил душа во просторијата се почувствувала благосостојба. Починал во длабока старост во 429 година. (Подготви Марко Китевски)

Back to top button
Close