0_Македонија.ПорталДописници МКД

Обезбеден грант за санација на санитарните јазли во гевгелиската гимназија

Општина Гевгелија од УСАИД доби грант од 1,5 милиони денари за санација на санитарните јазли во средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија.

Гевгелија, 24 јули 2019 (МИА) – Општина Гевгелија од УСАИД доби грант од 1,5 милиони денари за санација на санитарните јазли во средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија.

Гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков и претставници на Македонскиот центар за граѓанско образование, денеска потпишаа и Меморандум за соработка на Општина Гевгелија со УСАИД во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието.

-Со доделениот грант ќе бидат реновирани санитарните јазли во источниот и западниот блок на училиштето, а денеска ќе биде објавен и јавниот повик кој ќе трае две недели и на кој ќе можат да се јават сите заинтересирани изведувачи, велат од Општината.

Со реновирањето на санитарните јазли што се очекува да започне во втората половина на август и да заврши во септември, како  и изградбата и опремувањето на новите 14 училници која е во финална фаза,  гевгелиските гимназијалци во новата учебна година ќе следат настава во целосно подновени услови. им/вг/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close