0_Македонија.ПорталГраѓански секторПолитика

Новоименуваната американска амбасадорка Бернс воодушевена од Охрид

Новоименуваната американска амбасадорка Кејт Бернс, првиот викенд од својот мандат во нашата земја го помина во посета на Охрид.

Скопје, 14 јули 2019 (МИА) – Новоименуваната американска амбасадорка Кејт Бернс, првиот викенд од својот мандат во нашата земја го помина во посета на Охрид.

Бернс за посетата на Охрид и гастрономските специјалитети кои ги пробала во нашата земја, објави на официјалниот твитер профил на американската амбасада.

– Возбудена сум од мојата прва посета на Охрид. Воодушевена од неговата природна и културна убавина и импресионирана од мојата прва пастрмка и баклава. Сакам да видам повеќе од убавината и разноликоста на Северна Македонија и да научам повеќе за државата, пишува на твитер профилот на американската амбасада.

Во петокот Бернс присуствуваше на отворањето на 59-тото издание на „Охридско лето“ и настапот на виолинистката Ванеса Меј во Антички Театар во Охрид. аа/цр/

Таг
Back to top button
Close