Svet.SlajderСветСвет.Портал

Новиот Устав на Северна Кореја може да биде чекор кон мировен договор со САД

Северна Кореја усвои нов Устав во кој официјално е именуван Ким Џонг-ун за шеф на државата и врховен командант на војската.

Пјонгјанг, 12 јули 2019 (МИА) – Северна Кореја усвои нов Устав во кој официјално е именуван Ким Џонг-ун за шеф на државата и врховен командант на војската.

Западните медиуми, повикувајќи се на набљудувачи, наведуваат дека постои можност целта на новиот Устав да е подготовка за мировен договор со САД.

Северна Кореја долго време повикува на мировен договор со САД, со цел да се нормализираат односите меѓу двете земји и да се заврши техничката состојба на војна, која трае од крајот на Корејската војна (1950-1953), по што е потпишано примирје, но не и договор.

Во новит Устав, кој е објавен на државниот портал Наенара, се наведува дека Ким како претседавач со Комисијата за државни работи, највисокото тело воспоставено во 2016 година, е „врховен претставник на својот корејски народ“, што значи и шеф на државата и врховен командант.

Во претходниот устав Ким е означен само како „врховен лидер“ кој команда со сите свои воени сили на земјата. гт/

Таг
Back to top button
Close