0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитикаХроникаХроника.Портал

Нови рочишта за „Траекторија“ и „Тендери“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да се одржат нови рочишта за случаите „Траекторија“ и „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство.

Скопје, 10 јули 2019 (МИА) –  Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да се одржат нови рочишта за случаите „Траекторија“ и „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство.

Случајот „Траекторија” се наоѓа во доказна постапка и во него се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и екс-директорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на Буџетот од најмалку 155 милиони евра.

Во „Тендери“ првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска.

Според обвиниението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа-Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка. аа/са/

 

Таг
Back to top button
Close