Дописници МКДОпштински вести

Нова дива депонија на патот од Тетово кон Фалише

Група граѓани кои имаат домови и фирми долж патот од Тетово кон Фалише реагираат дека се создава нова дива депонија. Поради складираниот смет на една оградена локација тие половина час го блокираа сообраќајот.

Тетово, 11 јули 2019 (МИА) – Група граѓани кои имаат домови и фирми долж патот од Тетово кон Фалише реагираат дека се создава нова дива депонија. Поради складираниот смет на една оградена локација тие половина час го блокираа сообраќајот.

– Штетно е по здравје да имаш толку многу смет. Има многу погони и населба со нови куќи. Миризбата и чадот не дозволуваат нормално да се живее. Тука има над 10 погони со околу 200 лица кои работат, рекоа граѓаните.

– Да се отстрани сметот од овде итно, зошто е без наша согласност. Ние тука инвестираме многу пари, а од општината добиваме смет во соседството, рекоа стопанствениците.

Од јавното комунално претријатие Тетово соопштија дека ова место е за товарење како привремена мерка. Според нив нема да нема мирис таму бидејќи отпадот не се остава повеќе од 7 часа, по што се носи во депонијата Дрисла.

Огромните количини смет деновиве има и на претоварната станица на ЈКП Тетово што се наоѓа кон селото Требош. ас/нд/

Back to top button
Close