0_Спорт.ПорталФудбал

Нема понуди за Милинковиќ-Савиќ

Интерес кон Србинот има од Јувентус, Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен, но никој од нив не се поврзал со шефовите на „орлите“, за да започне официјални преговори за привлекување на играчот.

Рим, 9 јули 2019 (МИА) – Во Лацио се уште не пристигнале официјални понуди за халфот Сергеј Милинковиќ-Савиќ, пишува „Калчомеркато“.

Интерес кон Србинот има од Јувентус, Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен, но никој од нив не се поврзал со шефовите на „орлите“, за да започне официјални преговори за привлекување на играчот.

Последните информации се дека Милинковиќ-Савиќ веќе се разбрал со Јувентус за личните услови. Торинскиот тим имал средба со неговиот агент Матеја Кежман и се договориле тој да потпише договор за 5 години со плата во износ од 6 милиони евра по сезона.

Сепак „бјанконерите“ се уште не испратиле понуда до Лацио.вз

Таг
Back to top button
Close