0_Спорт.ПорталФудбал

Нејмар во Јуве во замена за Дибала

Пауло Дибала може да биде дел од размената на Јувентус со ПСЖ за Нејмар, пишуваат шпанските медиуми.

Мадрид, 18 јули 2019 (МИА) – Пауло Дибала може да биде дел од размената на Јувентус со ПСЖ за Нејмар, пишуваат шпанските медиуми.

Нејмар сака да замине од ПСЖ уште ова лето, но проблемот е во тоа што ниеден клуб не може да ја плати сумата од 222 милиони евра, колку што беше купен од Барса.

Според „Раи спорт“, таткото на Нејмар веќе се сретнал со директорот на Јуве, Фабио Паратици во Торино, а „Мундо депортиво“ пишува дека бјанконерите се една од главните опции за иднината на Нејмар.

Инаку, 27-годишниот Бразилски фудбалер замина во ПСЖ во 2017 година за 222 милиони евра, а од тогаш на 58 натпревари за парижаните постигнал 51 гол. ем/

Таг
Back to top button
Close