0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштество

Национална конференција за безбедност и здравје при работа и колективните договори

Во организација на Асоцијацијата за правно - економски истражувања и едукација „Јуридика“ денеска ќе се оддржи Национална конференција на тема „Колективни договори - клуч за успешен систем на Безбедност и здравје при работа“.

Скопје, 12 јули 2019 (МИА) –  Во организација на Асоцијацијата за правно – економски истражувања и едукација „Јуридика“ денеска ќе се оддржи Национална конференција на тема „Колективни договори – клуч за успешен систем на Безбедност и здравје при работа“.

На конференцијата, како што соопштуваат организаторите, во пленарната сесија ќе биде презентирана кратката анализа и предлог мерките за улогата на колективните договори за подобрување на системот на безбедност и здравје при работа.

Во рамките на двата панела со свои излагања ќе имаат претставници од науката, синдикатите, работодавачите, претставници од Министерството за труд и социјална политика, инспекторатот и стручните лица од областа на безбедност и здравје при работа.

– Визијата на тимот на Јуридика е создавање на ефикасен и практично применлив систем на Безбедност и здравје при работа кој како крајна цел ќе креира безбедни и здрави работни места. Работниците и работодавачите имаат право и обврска со помош на останатите политичко – правни и социјално – општествени актери да градат достоинствени работни места. Ние сме овде да помогнеме!, се вели во соопштението на „Јуридика“. фф/са/

Таг
Back to top button
Close