ЕвропаЕвропа.Портал

Најмалку пет деца загинаа во пожар што изби во детски камп во Русија

Најмалку пет деца загинаа откако изби пожар во детски камп во ски-центарот Холдоми во Хабаровскиот крај на рускиот Далечен Исток

Москва, 23 јули 2019 (МИА) – Најмалку пет деца загинаа откако изби пожар во детски камп во ски-центарот Холдоми во Хабаровскиот крај на рускиот Далечен Исток.

Меѓу загинатите се три девојчиња од 10 и две од 11 години, а уште едно дете е во тешка здравствена состојба.

Во пожарот повредени се 12 луѓе, од кои седум се деца.

Огнот избил во еден од шаторите, а потоа се проширил на 26 шатори од кои 20 целосно изгореле.

Во кампот за време на пожарот имало 189 деца.

Се уште се испитува причината за пожарот. ми/

Таг
Back to top button
Close