СветСвет.Портал

Најмалку девет ученици загинаа во сообраќајна несреќа на Филипини

Најмалку девет ученици загинаа, а 16 се повредени на Филипини кога камионот во кој се наоѓале изгубил контрола, се превртил и паднал, соопшти филипинската полиција.

Манила, 19 јули 2019 (МИА) – Најмалку девет ученици загинаа, а 16 се повредени на Филипини кога камионот во кој се наоѓале изгубил контрола, се превртил и паднал, соопшти филипинската полиција.

Полицискиот инспектор Нелсон Саквибал изјави дека неколку од повредените, меѓу кои и возачот, се префрлени во болница во градот Болџун во централната провинција Себу.

Учениците од две средни училишта требало да присуствуваат на фестивал за култура, здравје и спорт во центарот на градот.

Саквибал во телефонски разговор за АП изјави дека некои од учениците биле заробени под камионот, додека другите заедно со возачот биле исфрлени од ударот. Тие се згрижени од локалните жители, полицијата и пожарникарите. паг/

Таг
Back to top button
Close