Оригинални текстови

МЗ: Со лекарите од странство, пациентите се лекуваат во земјава, се заштедува огромна сума на пари и расте експертизата на нашите лекари

Министервото за здравство реагира до печатениот медиум „Фокус“ за објавениот текст со наслов „Филипче нема пари за домашните лекари, а странските ги плаќа и по 4.000 евра!“, објавен во последниот број на изданието.

Скопје, 12 јули 2019

Министервото за здравство реагира до печатениот медиум „Фокус“ за објавениот текст со наслов „Филипче нема пари за домашните лекари, а странските ги плаќа и по 4.000 евра!“, објавен во последниот број на изданието.

Насловот и текстот не ја отсликува реалната состојба и политики на Министерството за здравство во однос на инвестирањето во нашите здравствени работници.

Точно е дека на Клиниката за детска хирургија доаѓаат лекари од странство да оперираат наши дечиња кои имаат специфични заболувања или здравствени проблеми, за кои во нашава земја нема доволно обучен медицински кадар.

Тие пациенти, доколку ваквите експерти од странство не ги лекуваат во нашата земја, за огромна сума на пари на сметка на ФЗО се упатуваат на лекување во странство. Најголем бенефит имаат децата и нивните родители, кои наместо во странство, дома добиваат врвна експертиза и третман.

За операциите во странство би се потрошиле повеќе од 400 000 евра. Само за пример, две тешки операции се направени кај деца кои имале тешки оштетувања на хранопровод поради корозија, кои во странство би чинеле околу 900.000 денари за секое дете.

Со оваа мерка, не само што придонесува пациентите да останат да се лекуваат во земјава, се заштедува и огромна сума на пари, но и расте експертизата на нашите лекари кои работејќи со странските експерти го надоградуваат сопственото знаење и вештини.

Секогаш е полесно да се воведе нова метода кога експетизата се носи во услови во кои се работи, наспроти едукацијата во странство која подразбира тренинг во сосем поинакви услови и организација на работниот процес.

Реагираме и на првиот дел од насловот, со оглед на тоа што огрмна сума на пари (околу 26 милиони евра) се инвестира во платите и дежурствата на нашите здравствени работници, со тендеција на зголемување, која почна минатата година, продолжи и оваа, и ќе продолжи идната година.

Сметаме дека споменатите мерки и активности, заедно со загарантираниот платен стаж за младите лекари во износ од 30 илјади денари ќе ги мотивираме и младите лекари, иднината да ја гледаат во нашата земја.

Одделение за односи со јавностa
Министерство за здравство

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close