ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

На 11 јули во 10.30 часот на улица „Широк сокак” во Битола полициски службеници ги лишиле од слобода И.Р.(37) од Велес и В.Д.(32) од Прилеп поради тоа што биле добиени оперативни сознанија дека присилуваат малолетни лица да вршат продажба на разни предмети во центарот на Битола. По целосно документирање и расчистување на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Скопје, 12 јули 2019 (МИА) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Д.С.(34) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело“.

МВР денеска соопшто дека на 05.10.2018 година во Прилеп, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле 18 метални алатки за брави, кутија со алати за отворање брави, десет клучеви за брави – т.н. „чешли“, повеќе видови на клучеви и повеќе видови на алуминиумски фолии.

На 11 јули во 10.30 часот на улица „Широк сокак” во Битола полициски службеници ги лишиле од слобода И.Р.(37) од Велес и В.Д.(32) од Прилеп поради тоа што биле добиени оперативни сознанија дека присилуваат малолетни лица да вршат продажба на разни предмети во центарот на Битола. По целосно документирање и расчистување на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 11.07.2019 година во 08.40 часот на крстосница од бул.„Србија“ и бул.„3-та Македонска Бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „фолксваген транспортер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(26) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „ауди А6“ со тетовски реистарски ознаки, управувано од С.З.(35) од Тетово, со привремено живеалиште во Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.А.(26) од Скопје, сопатник во товарното возило и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Додека возачот на товарното возило и уште тројца сопатници се здобиле со телесни повреди. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

На 11 јули околу 22.20 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, патничко возило „пежо 206“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(38) од тетовското село Фалише, изгубило контрола и излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.П. и бил пренесен во тетовската клиничка болница. Увид извршила екипа од СВР Тетово.

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 11 јули извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, биле контролирани 369 возачи, од кои девет возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле четири возила, брзината ја надминале 18 возачи, еден возач не користел сигурносен појас при управување на возилото и еден возач зборувал на мобилен телефон.

На 11 јули околу 21.00 на улица „Васко Карангелевски“ во Битола, патничко возило „хјундаи Купе“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Ц(44) од Битола, удрило во пешакот В.Д(55) од Битола. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Битола.Увид извршила увидна екипа од СВР Битола.

На 11.07.2019 година околу 09.30 часот на улица „54“ во Скопје бил лишен од слобода и приведен М.Р. (32) од Скопје, поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.07.2019 година околу 00.25 часот во Полициската станица Гази Баба, воспитувач во домот „Ранка Милановиќ“ пријавил дека штитеникот М.А.(17) од Берово самоволно ја напуштил установата. Досега, тој повеќе пати самоволно ја напуштал установата и бил враќан од полицијата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 11.07.2019 година во 20.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на улица „Народен Фронт“ во Скопје непознато лице извршило разбојништво и одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.07.2019 во периодот од 16 до 22 часот, Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Штип спроведе засилена контрола на возачи на мопеди и мотоцикли. Од извршената контрола констатирани се 14 прекршоци. Санкционирани се и 22 останати прекршоци.

На 11.07.2019 во 22 ч. во Полициската станица Чаир, Е.Д.(61) од Скопје пријавил дека неговата сопруга Е.А.(41) се оддалечила од домот, а се сомнева дека заминала со машко лице. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. цр/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close