0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР Билтен (ДПЛ)

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Љ.Д.(61) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Скопје, 10 јули 2019 (МИА)Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Љ.Д.(61) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Од 01.07.2018 до 30.05.2019 година пријавената, како директор на државниот студентски дом „Доне Божинов“ – Пробиштип, спротивно на Законот за јавни набавки, извршила набавка на стоки, со што нанела штета од 579.885 денари на Буџетот на институцијата.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.П.(63) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно лекување болни“ и „тешки дела против здравјето на луѓето“. Во текот на 2017 година во Битола во Клиничката болница, пријавениот, како доктор, постапувајќи несовесно при микроскопски преглед на примерок од пациент, дал дијагноза, врз основа на која било предизвикано тешко нарушување на здравјето.

На 09.07.2019 година во 12.30 часот, врз основа на судска наредба, на булевар „,Илинденска“ во Тетово полициски службеници го привеле И.В. (59) од село Џепчиште, тетовско, кој се барал за издржување на затворска казна. Тој бил предаден во Казнено-поправната установа – Затвор Тетово за издржување на казната.

На 09.07.2019 година околу 16.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Виа Игнација“, во станот на С.Л.(67), настанал пожар во кој бил зафатен дел од кујната. За време на пожарот во станот бил В.Т.(54) од Скопје на кој екипа на Итна медицинска помош му укажала помош поради вдишување на чад. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

На 09.07.2019 година во периодот од 14.00 до 19.00 часот во село Равен, гостиварско, полициски службеници извршиле претрес во дом и други помошни простории каде живее лицето М.Л.. При претресот биле пронајдени и одземени кокаин и пари. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.07.2019 година во 21.00 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода Н.С.(28) и М.Н.(22), двајцата од село Глумово, општина Сарај. Тие биле фатени како вршат кривично дело „кражба“ во бутик во трговски центар во Тетово. Притоа, Н.С. агресивно се однесувал кон полициски службеник. Против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 09.07.2019 година во 15.30 часот во Горна Чаршија во Тетово полициски службеници го лишиле од слобода лицето Ј.Ц. (38) од Тетово поради сторено кривично дело „кражба“ и „тешка кражба“. При приведувањето кај него биле пронајдени и одземени украдени предмети. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против Г.П.(44) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Во текот на 2016 година пријавениот, спротивно на Законот за шумите, исекол и продал 2544 кубни метри огревно дрво и 250 кубни метри техничко дрво, по што во даночната пријава за 2016 година не го навел целиот износ кој го стекнал со продажбата на наведената количина на дрво. Со ова, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 2.285.221 денари на штета на Буџетот на Република Северна Македонија.

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.М.(25) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 28.04.2019 година на регионалниот пат Штип-село Шашаварлија пријавениот физички го нападнал Д.А. и му нанел тешка телесна повреда.

На 09.07.2019 година околу 11.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортската обложувалница на булевар „3-та Македонска Бригада“ во Скопје непознато лице извршило разбојништво и одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против А.К.(17) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и против Т.Д.(16) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторени дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 29.03.2019 година во Берово пријавените му продале марихуана на Н.Р.. а потоа и конзумирале марихуана.

На 10.07.2019 во СВР Скопје пријавено е дека едно лице предизвикало пожар во тревникот во двор на Г.Ѓ.(59). Нема повредени лица, а направена е мала штета на тревникот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.07.2019 во 00,35 ч. Д.П (40) од Куманово пријавил дека на ул.„Димче Мирчев“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 09 јули извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, биле контролирани 397 возачи, од кои 13 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле седум возила, брзината ја надминале 24 возачи, тројца возачи не користеле сигурносен појас и четири зборувале на мобилен телефон. вг/

Back to top button
Close