0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР-билтен

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.В.(35) од селото Лешани, општина Дебарца, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „фалсификување на огнено оружје“.

Скопје, 22 јули 2019 (МИА) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.В.(35) од селото Лешани, општина Дебарца, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „фалсификување на огнено оружје“. При претрес во неговиот дом на 6 март 2019 биле пронајдени и одземени ловна пушка ,,Мossberg” и седум куршуми за ловна пушка, кои ги поседувал нелегално.

Вчера околу 21 часот на земјен пат во месноста „Муратски дол“ над тетовското село Челопек, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово запреле џип „УАЗ“ без регистарски ознаки, што го управувал 29-годишниот Б.Р. од Челопек. Во возилото биле превезувани огревни дрва без потребните документи и поради тоа со потврда e одземено, како и моторна пила и дигалка, a нешто подоцна предадени и се на Шумска полициија за натамошна постапка.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против П.Т.(25) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Во периодот од 9 часот на 24 мај 2019 до 20:50 часот на 26 мај 2019, пријавениот со употреба на сила и подесен алат влегол во станот на Р.З. од Прилеп на ул.„11 – ти Октомври“ и одзел рачна торба во која имало пари и златен накит.

Вчера во 20:20 часот во Полициската станица Центар бил приведен С.А.Ј.(25) од Шведска поради тоа што под дејство на алкохол кршел инвентар и ги вознемирувал гостите во угостителски објект, а физички го нападнал и рецепционерот Б.Ѓ. во хотелот во кој бил гостин. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера полициски службеници го привеле О.А. (29) од Скопје поради извршена кражба на возило. Веднаш по добиена пријава од Е.К. Г. (33) дека во близина на трговски центар во Скопје му е одземено возило „БМВ Х5“, преземени се соодветни мерки и возилото е сопрено на крстосница од ул.„Жан Жорес“ со ул. „Благоја Стефковски“, а О.А. е приведен. При приведувањето О.А: физички нападнал полициски службеници, но бил приведен во ПС Гази Баба и против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Вчера во 11:40 часот во Полициска канцеларија Богданци, Н.Р.М (41) – адвокат од Здружение за заштита на животни „Анима мунди“, пријавила дека на излез од село Стојаково, општина Богданци било пронајдено починато куче кое имало видливи траги на мачење по телото. За настанот е известен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На ул.„Радован Ковачевиќ“ во Скопје, бчера околу 13 часот полициски службеници го лишиле од слобода Ќ.Х.(46) од Скопје поради тоа што упатувал закани кон вработени и сопственик на маркет на наведената улица. Ќ.Х. бил приведен во Полициската станица Гази Баба и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера околу 20 часот А.Ф.М. пријавил дека во објект на ул.„Црногорска“ во Скопје бил физички нападнат од три лица поради недоразбирања околу паричен долг. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривичнa пријавa против Н.И.(35) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”. На  8 јули 2019 во Дебар, на улица ,,8-ми Септември”, пријавениот физички нападнал полицискиот службеник кој вршел службени дејствија.

Вчера околу 18:30 часот на ул.„Маршал Тито“ во село Мојанци, кочанско, Д.А.(34) од с ело Мојанци, управувајќи патничко возило „Мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, удрил во малолетник, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кочани. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани. бк/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close