0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола за време на викендот извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство.

Скопје, 22 јули 2019 (МИА) – Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола за време на викендот извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, било констатирано дека осум возачи управувале возило без возачка дозвола, осум возила биле нерегистрирани, брзината ја надминале 58 возачи, тројца зборувале на мобилен телефон, а пет не користеле сигурносен појас.

Вчера во 17:00 часот на граничен премин „Меѓународен Аеродром – Скопје“, полициски службеници го привеле К.Б.(39) од Косово, поради сомнение за поседување фалсификувани документи. Во 19:00 часот К.Б. бил предаден на инспектори од Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка.

Синоќа околу 22:00 часот на регионалниот пат Кавадарци-мотел Дреново, кај градските гробишта, К.Г.(55) од Кавадарци, управувајќи патничко возило „Ровер“ со кавадаречки регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во дрво. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил К.Г. и бил пренесен во болницата во Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци. дма/

Back to top button
Close