0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

МВР-билтен

На 09.07.2019 година во 15:10 часот во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Свети Наум, Б.М.(36) од Украина пријавил дека на планината Галичица паднала параглајдеристка М.П. (30) од Украина, а по неа слетал параглајдерист А.М(41) од Украина.

Скопје, 10 јули 2019 (МИА)На 09.07.2019 година во 15:10 часот во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Свети Наум, Б.М.(36) од Украина пријавил дека на планината Галичица паднала параглајдеристка М.П. (30) од Украина, а по неа слетал параглајдерист А.М(41) од Украина. Лицата биле на албанска територија, на непристапен терен, но веднаш се преземени мерки за нивно спасување. По консултација со албанските надлежни органи, на местото на настанот е упатен хеликоптер на МВР со припадници на ЕСЗ и двете лица се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде им е укажана лекарска помош.

На 09.07.2019 година во 18:20 часот на клучката Марвинци, Гевгелиско, полициски службеници пронашле 27 мигранти во товарно возило „VW LT 35“ со кумановски регистарски ознаки. Возачот Д.Р.(31) од Велес е приведен поради сомнение за извршено кривично дело „криумчарење на мигранти“ и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Мигрантите се предадени во Прифатниот центар Гевгелија.

На 09.07.2019 година околу 14:30 часот во Куманово на бул.„Трета македонска ударна бригада“ се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од И. М. (72) од Скопје удрило во У.С (47) од Куманово, која била пренесена во болницата во Куманово. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово.

На 10.07.2019 година во 02:15 часот во Неготино било пријавено дека на ул.„Индустриска“ И.П (27) од Неготино, управувајќи моторцикл „Гилера “, изгубил конторла и паднал, по што се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар -Неготино. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС-Неготино.

На 10.07.2019 во 00:35 ч. Д.П (40) од Куманово пријавил дека на ул.„Димче Мирчев“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога. мд/

Back to top button
Close