Оригинални текстови

Младеновски со објаснување за говорот од почетокот на инвестицијата на „Балканлар пластик“

Изјава  од директорот на дирекцијата за ТИРЗ, Александар Младеновски поврзана со неговиот говор од настанот за почеток со градба на компанијата Балканлар Пластик во ТИРЗ Скопје 1 . 

19 јули 2019

Изјава од директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Александар Младеновски поврзана со неговиот говор од настанот за почеток со градба на компанијата Балканлар Пластик во ТИРЗ Скопје 1 .

Дозволете уште еднаш да го изразам моето задоволство за денешното отпочнување со градба на новата инвестиција на турската  компанија „Балканлар пластик”.

Би сакал да потенцирам, со цел да не бидам погрешно протолкуван за моето денешно обраќање во употребената фраза ,,мои пријатели ќе работат во оваа нова компанија”. Koга го споменав тоа мислев на моите пријатели, врсници или луѓе на помлади години кои се подготвени за работа, а тоа се младите луѓе од нашата земја кои наместо да ја напуштат ќе имаат прилика да останат тука и да работат и заработуваат во сопствената земја.

Приватниот сектор нуди можности, ги повикувам сите млади луѓе да се интересираат за работните места во бизнис секторот и за можностите на инвеститорите

Ви благодарам за вашето разбирање. Секако на компанијата „Балканлар пластик” уште еднаш и посакувам среќа и успех во реализацијата на својот инвестициски проект овде во  Северна Македонија.
Со почит ,
Александар Младеновски 
Директор на Дирекција за ТИРЗ

 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close