0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталВидео изјаваПолитика

Мицкоски бара детална истрага за обвинителите во СЈО, предлага нов закон за ЈО

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска побара детална истрага за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и за нејзината релација со двајцата обвинети во случајот „Рекет“.

Скопје, 26 јули 2019 (МИА) – Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска побара детална истрага за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и за нејзината релација со двајцата обвинети во случајот „Рекет“.

Мицкоски на прес-конференцијата во седиштето на партијата побара и детална истрага за директна или индиректна поврзаност на останатите обвинители, но и со псевдонимите за кои, како што наведе, јавноста има сознанија дека се дел од врхушката на СДСМ .

Најави дека ќе изработат сопствено законско решение за јавното обвинителство кое, како што рече, ќе се темели на вистинските темели и бескомпромисна битка против криминалот и корупцијата.

Осврнувајќи се на Законот за јавно обвинителство, Мицкоски рече дека со предлогот на СДСМ, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева треба да биде унапредена во републички јавен обвинител, а останатите обвинители од Специјалното јавно обвинителство да бидат преземени од новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција што треба да се формира.

Ова, рече Мицковски, е грубо кршење на Законот за СЈО кој предвидува овие обвинители по завршувањето на мандатот да се вратат во матичните обвинителства.

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е овие обвинители по престанокот на мандатот да се вратат во матичните обвинителства.

-Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е сите обвинители согласно законот на СЈО да се вратат во матичните обвинителства после престанокот на мандатот, детална истрага за срамниот случај Рекет, проверка на инволвираноста на Катица Јанева, нејзината релација и врска со двајца осомничени кои се наоѓаат сега во притвор, но не и помалку значајна нејзината релација со определени псевдоними за кои што јавноста шпекулира дека се дел од врхушката на власт, рече Мицкоски.

Во однос  на предметите на СЈО, предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е сите предмети до 30.06 2017 година, наместо да бидат преземени од новото обвинителство, да бидат преземени од државниот јавен обвинител и прераспредени онаму каде овие дела припаѓаат.

ВМРО-ДПМНЕ предлага и финансиска незавиноста на целокупното државно обвинителство.бак/бт/

Прес Христијан Мицковски

Posted by MИА.mk on Петок, 26 јули 2019

 

Back to top button
Close