МИА Радио флешПакети

МИА Радио флеш

9:30/22 јули 2019

9:30/22 јули 2019

– Помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер, неделава ќе ги посети Грција и Северна Македонија, каде што ќе има средби со претставници на власта, на граѓанското општество и на бизнис-заедницата, соопшти Стејт департментот.

– Трибина „Придобивки од развојот на еко туризмот”, ќе се одржи денеска во Крушево, во организација на партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ).

– По повод Европскиот ден на жртвите од криминал, Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска на прес-конференција, ќе го презентира Годишниот извештај за криминалот од омраза во 2018 година, ќе биде даден преглед на инцидентите, а ќе се оцени и постапувањето на државните институции во однос на овој вид криминал.

– Амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија, денеска ќе ги посети Новаци и регионот Мариово, во рамки на кампањата „ЕУ за тебе“.

– Новиот текст за законот за Јавно обвинителство, во кој Специјалното јавно обвинителство се интегрира во Јавното обвинителство за организиран криминал и копрупција, неделава, а мошне веројатно и утре ќе се најде пред пратениците во Собранието.

– Фаворитот за иден премиер на Велика Британија Борис Џонсон во авторски текст за „Дејли Телеграф“ изјави дека неговата земја може да излезе од ЕУ со постигнување договор за слободна трговија, што од своја стрна може да ја елиминира потребата од еден од попроблематичните елементи во претодниот договор меѓу Лондон и Унијата.

– Припадници на британската Национална агенција за криминал заплениле повеќе од 100 килограми злато на лондонскиот аеродром Хитроу.

– Мексико е еден од најважните партнери на Соединетите Американски Држави во зголемувањето на просперитетот и безбедноста на нашите земји и целиот регион, напиша на Твитер американскиот државен секретар Мајк Помпео, на крајот од неговата посета на земјата.

– Американскиот државен секретар Мајк Помпео изрази уверување дека Велика Британија ќе им го испорача на САД основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој е обвинет за шпионажа, и покрај тоа што за тоа дело може да добие смртна казна.

– Најмалку 32 лица вчера загинале од удари на громови во северната индиска држава Утар Прадеш, јави денеска локалната телевизија НДТВ додавајќи дека во невремето биле повредени уште 13 луѓе.

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close