Најава на настани

МИА Најави – МКД (ДПЛ)

Скопје, 22 јули 2019

Скопје, 22 јули 2019  

Скопје – Претседателот Стево Пендаровски на средба со раководството на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК). (11:00)

Скопје – Собраниската Законодавно-правна комисија ќе одржи продолженија на две седници.(Сала 4/11:00)

Скипје – Собраниската Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните ќе одржи јавна дебата за состојбата во казнено-поправните установи во земјата. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје – Министерот за надворешни работи Никола Димитров и директорот на Директоратот за меѓународно право и конзуларни работи, Љуфтим Спахиу ќе одржат прес-конференција.(МНР/13:30)

Новаци – Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Самуел Жбогар ќе ги посети Новаци и регионот Мариово. (изјави пред зградата на општина Новаци во 11:45)

Скопје – Прес-конференција на Хелсиншкиот комитет за човекови права по повод Европскиот ден на жртвите од криминал, на која ќе биде презентиран Годишниот извештај за криминалот од омраза во 2018 година. (ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 83, Скопје/11:00)

Куманово – Раководителот на Подружница АД Водостопанство – Кумановско Липковско поле Оливер Илиевски пред СВР Куманово ќе одржи прес-конференција за борбата против корупцијата и криминалот во Водостопанство Куманово. (СВР Куманово/11:00)
Скопје – Прес-конференција на тема: „Тутунопроизводителите со поддршка во спречувањето на нелегалното производство и трговија со тутун“ во Стопанската комора на Македонија. (11:00)
Скопје – Прес-конференција на градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски. (Прес сала на општината, барака 6/12:30). 
Скопје – Прес-конференција на генерален секретар на Движењето БЕСА, Арјанит Хоџа. (ул. „Христијан Тодоровски – Карпош“, бр.84А/13:00)

Крушево – Трибина на тема: „Придобивки од развојот на еко туризмот” во Крушево во организација на ДОМ. (х. Монтана/12:00-14:00)

Скопје – Отворање на изложбата „Цртеж-Експериментален цртеж“, во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Дирекцијата за култура и уметност Скопско лето, а под покровителство на Град Скопје. (Галеријата на НЛБ Банка во Скопје/20:30)

Битола – Прес конференција за Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ (Центар за култура, мала сала / 10:00)

Скопје – Официјално отворање на спортско игралиште во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во рамки на проектот „Студентски домови без корупција“ спроведен од Младински образовен форум. (12:00)

_________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини**

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close