Најава на настани

МИА Најави – МКД (ДПЛ)

18 јули 2019

18 јули 2019

Скопје – Седница на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Сала на Уставна комисија/11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за здравство. (Сала 4/11:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/12:00)

Скопје – Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. (Сала 4/12:30)

Скопје – Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Александар Младеновски, ќе се обратат на настанот по повод стартот на изградбата на нова фабрика на „Балканлар Пластик“. (ТИРЗ Скопје1/10:00)

Скопје –  Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи и градоначалници на општините чии проекти се одобрени ќе ги потпишат договорите за реализација на проекти за развој на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби. (Влада на РСМ, свечена сала/13:30)

Дебрца – Евроамбасадорот Самуел Жбогар, постојаната претставничка на УНДП, Нарин Сахакјан и градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески ќе ја пуштат во употреба браната Слатино. (Брана Слатино, изјави за медиуми/12:30)

Скопје – Агенцијата за управување со одземен имот ќе им отстапи конфискувана стока на неколку институции. (Депо Идризово/12:00)

Скопје – Прес-конференција на Движењето БЕСА. (пред Владата на РСМ/13:00)

Скопје – Прес-конференција по повод отворањето на првиот Retail Park. (Point Retail Park/12:00)

Скопје – Градоначалникот  на Скопје Петре Шилегов ќе присуствува на почетокот на реконструкцијата на ул. „Индира Ганди“ во Општина Шуто Оризари. (почеток на ул. „Индира Ганди“, крстосница со бул. „Словенија“/11:00

Охрид – Организацискиот тим на „Beach Film Festival“ ќе одржи прес-конференција по повод второто издани ена Фестивалот на нов европски филм „Beach Film Festival“. (Кафуле „Аквариус“/12:00)

Скопје – Концерт „Глорија – Концерт за душа“ на Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“.(Куршумли ан/20:30)

Скопје – Филм на отворено како дел од програмата на Самрленд 2019 во организаицја на Град Скопје. (Градски парк-Школка /21:00)

Скопје – Изведба на балетската претстава „Либертанго“ на А.Пјацола во рамки на 59.издание на фестивалот „Охридско лето“. (Долни Сарај/22:00)

________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини**

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close