Најава на настани

МИА Најави МКД

19 јули 2019

Скопје – Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите на Собранието на РСМ ќе оствари работна посета во просториите на Оперативно – техничката агенција (ОТА) во рамки на остварувањето на своите надлежности за надзор над посебните истражни мерки за следење на комуникациите. (11:00)

Скопје – Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ќе присуствуваат на интерактивната вежба за заштита и спасување во случај на пожар во организација на Дирекцијата за заштита и спасување. (ОКТА/11:30, изјави за медиуми/12:00, поаѓање од Скопје со организиран превоз Дрводекор/11:00, снимање за медиумите и новинарските екипи/12:00-13:00)

Прилеп – Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори Кочо Анѓушев, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски и градоначалникот на Градско, Роберт Бешовски ќе го посетат откупниот центар за овошје и зеленчук „Ником“ во Градско. (11:00)

Скопје – Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и директорот на Канцеларијата за информациски технологии и електронска управа во Владата на Република Србија, Михаило Јовановиќ ќе одржат прес-конференција, по што ќе следи потпишување на меморандум за соработка во областа на дигитализацијата. (Влада на РСМ, медија центар/10:00)

Крива Паланка – Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов ќе извршат увид на реконструкција на регионален пат Ранковце-Крива Паланка. (Регионален пат Ранковце-Крива Паланка, на околу 1 км од општина Ранковце, изјави за медиуми/11:00)

Скопје – Прес-конференција на тема „Реформите во изборниот систем мора да бидат сеопфатни и правични“ во организација на ЦИВИЛ. (Пред седиште на организацијата, на ул. Максим Горки 31/1, на паркингот зад преминот „Палета“/12:30)

Скопје – Филхармонија ќе одржи прес-конференција на која ќе биде објавена новата концертна сезона 2019-2020 година. (Филхармонија, бифе/11:00)

Скопје – Концерт на Гал Фаганел – виолончело и Маја Божиновска – пијано во рамки на „Скопско лето“. (Национална галерија на РСМ, Даут пашин амам/20:30)

Скопје – Долгометражен филм на Вардан Тозија – „Џган“. (Градски парк – Школка/21:30)

Скопје – Меѓународен ридски натпревар во автомобилизам „Водно 2019“ во организација на АКК „Кастум кар реисинг тим“.

________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини**

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close