МИА ФлешПакети

МИА Флеш

10:00/22 јули 2019

10:00/22 јули 2019

Вашингтон – Помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер, неделава ќе ги посети Грција и Северна Македонија, каде што ќе има средби со претставници на власта, на граѓанското општество и на бизнис-заедницата, соопшти Стејт департментот.

Скопје – Трибина „Придобивки од развојот на еко туризмот”, ќе се одржи денеска во Крушево, во организација на партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ).

Скопје – По повод Европскиот ден на жртвите од криминал, Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска на прес-конференција, ќе го презентира Годишниот извештај за криминалот од омраза во 2018 година, ќе биде даден преглед на инцидентите, а ќе се оцени и постапувањето на државните институции во однос на овој вид криминал.

Скопје – Амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија, денеска ќе ги посети Новаци и регионот Мариово, во рамки на кампањата „ЕУ за тебе“.

Скопје – Новиот текст за законот за Јавно обвинителство, во кој Специјалното јавно обвинителство се интегрира во Јавното обвинителство за организиран криминал и копрупција, неделава, а мошне веројатно и утре ќе се најде пред пратениците во Собранието.

Амендоа – Силниот ветар и сушата синоќа го отежнаа гаснењето на пожарот кој од саботата гори во планинско подрачје во централниот дел на Португалија.

Лондон – Британската премиерка Тереза Меј денеска ќе претседава со итната седница на британската Влада на која ќе се дискутира за одговорот што треба да му се испрати на Иран по запленувањето на танкерот со нафта под британско знаме во Ормутскиот Теснец.

Лондон – Фаворитот за иден премиер на Велика Британија Борис Џонсон во авторски текст за „Дејли Телеграф“ изјави дека неговата земја може да излезе од ЕУ со постигнување договор за слободна трговија, што од своја стрна може да ја елиминира потребата од еден од попроблематичните елементи во претодниот договор меѓу Лондон и Унијата.

Лондон – Припадници на британската Национална агенција за криминал заплениле повеќе од 100 килограми злато на лондонскиот аеродром Хитроу.

Техеран – Иран уапсил 17 шпиони кои работеле за американската Централна агенција за разузнавање (ЦИА) и некои од нив се осудени на смртна казна, јави денеска иранската државна телевизија.

Њу Делхи – Најмалку 32 лица вчера загинале од удари на громови во северната индиска држава Утар Прадеш, јави денеска локалната телевизија НДТВ додавајќи дека во невремето биле повредени уште 13 луѓе.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close