МИА ФлешПакети

МИА Флеш

16:00/19 јули 2019

16:00/19 јули 2019

Прилеп – Неподелен е впечатокот дека првата вечер на „Пивофест 2019“ помина во одлична атмосфера и голема посетеност, што во претходните години не беше карактеристика за првиот фестивалски ден, соопштија на денешната прес-конференција организаторите на една од најголемите и најатрактивни летни забавни манифестации „Пивофест“ што синоќа почна во Прилеп.

Градско – Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев е оптимист дека просечната плата во земјава ќе достигне до 30.000 денари до крајот на 2020 година и оти тоа ќе биде базирано на реалниот раст на економијата, а не на проекти финасирани од државата.

Скопје – Премиерот Зоран Заев се уште не го добил писмото со кое струшкиот градоначалник му ги остапува ингеренциите од општината во делот на градежништвото. Вели дека има информации оти и општина Охрид ќе го направи истото и оти државата ќе ги земе овие отстапени ингеренции и оти ќе постапува за да ги исполни обврските кон УНЕСКО, но и кон граѓаните воспоставувајќи ред во оваа сфера.

Скопје – Бугарија е наш стратешки партнер и еден од најголемите пријатели на Република Северна Македонија, рече премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање кои се црвените линии за кои зборувал бугарскиот претседател Румен Радев кој на средба со амбасадори во неговата земја рекол дека поддршката на Софија за Скопје не е безусловна.

Скопје – Следната недела во Собранието ќе биде предложен нов текст на законот за Јавно обвинителство, во кој се вградени оние точки со кои е разговарано со опозицијата и со сите пратенички групи и кои се прифатливи за сите, ако не за најголемиот број пратеници.

Приштина – Косовскиот премиер Рамуш Харадинај смета дека единственото прашање за кое треба да разговараат Косово и Србија е постигнувањето договор за меѓусебно признавање на двете земји во рамките на постоечките граници, јави дописникот на МИА од Приштина.

Атина – Силен земјотрес со јачина од 5,1 според Рихтер е почувствуван во Атина, во 14.13 часот по локално време, а за сега нема информации за повредени, додека некои домови претрпеле мала материјална штета.

Амстердам – Холандската Влада соопшти денеска дека ја прифаќа одлуката на Врховниот суд на Кралството Холандија дека оваа земја е делумно одговорна за смртта на 350 муслимани во 1995 година на подрачјето на Општина Сребреница, во Босна и Херцеговина.

Пекинг – Многу силна експлозија одекна во фабрика за гас во централниот дел на Кина, при што биле искршени прозорци и врати на згради кои се наоѓале на оддалеченост од три километри.

Пекинг – Кинеската вселенска лабораторија „ Тиангонг-2“ денеска ја заврши својата речиси тригодишна мисија горејќи во текот на контролираното враќање во атмосферата на Земјата, над јужниот дел на Тихиот Океан.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close