ЕвропаЕвропа.Портал

Меркел тврди дека е подготвена за работа по епизодите со тресење

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека е подготвена да ги извршува своите должности по „епизодите“ со тресење, и оти се надева дека ќе ужива во животот откако ќе го отслужи својот четврти и последен мандат на чело на Владата до 2021 година.

Берлин, 19 јули 2019 (МИА) – Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека е подготвена да ги извршува своите должности по „епизодите“ со тресење, и оти се надева дека ќе ужива во животот откако ќе го отслужи својот четврти и последен мандат на чело на Владата до 2021 година.

– Можам да ја извршувам оваа должност, имам силен личен интерес да го зачувам здравјето, и како што е реков и претходно, 2021 е заклучок на мојата политичка работа, изјави таа на прес конференција.

– Меѓутоа се надевам, дека после (политиката) ќе биде друг живот, додаде таа со насмевка.

На прашањето како се чувствува, Меркел одговори „добро“. јт/

Таг
Back to top button
Close