0_Магазин.ПорталСемејство

Медитацијата како казна за децата бељаџии

Традиционално, кога децата на училиште прават проблеми, наставникот по казна им дава некоја општокорисна работа за задача, или ги суспендира. Меѓутоа, основното училиште „Робрет В. Колман“ во Балтимор, Мериленд, САД, има малку поинаков метод - го испраќа детето на медитација, што засега има одличен ефект.

Балтимор, 30 јули 2019 (МИА) – Традиционално, кога децата на училиште прават проблеми, наставникот по казна им дава некоја општокорисна работа за задача, или ги суспендира. Меѓутоа, основното училиште „Робрет В. Колман“ во Балтимор, Мериленд, САД, има малку поинаков метод – го испраќа детето на медитација, што засега има одличен ефект.

Школото, заедно со околниот центар за медитација покрена посебна програма со којашто децата ќе се натераат и научат да се опуштат, да не реагираат импулсивно и да се обидат да го видат проблемот од повеќе агли.

Програмата вклучува слушање бавна опуштачка музика наутро и вежби за справување со стресот, анксиозноста и други проблеми поради кои децата се немирни и палави. На сеансите, доброволно, може да учествуваат и деца што немаат направено никаква беља.

А пак, она што ќе го научат на часовите, децата препородени, го пренесуваат дома. си/

Таг
Back to top button
Close