0_Македонија.ПорталПолитика

Меѓуресорска работна група за посоодветна распределба на Буџетот за локалната самоуправа

Владата на денешната седница ја разгледа Информацијата за формирање меѓуресорска работна група за обезбедување натамошен квалитетен развој и имплементација на процесот на децентрализација и на рамномерниот регионален развој.

Скопје, 17 јули 2019 (МИА) – Владата на денешната седница ја разгледа Информацијата за формирање меѓуресорска работна група за обезбедување натамошен квалитетен развој и имплементација на процесот на децентрализација и на рамномерниот регионален развој.

Согласно оваа Информација на денешната седница е усвоена Предлог – одлуката на Канцеларијата на премиерот, која во идниот период, врз основа на консултациите со Заедницата на едниците на локалната самоуправа, ќе се разгледа можноста за воведување нова практика во подготовките за Буџетот на државата, во неговата рана фаза на предвидување средства за поддршка и развој на локалната самоуправа и на рамномерниот регионален развој за посоодветна распределба на Буџетот за локалната самоуправа со цел Градот Скопје и општините да обезбедат успешно спроведување на проектите од интерес на граѓаните.

Министрите дадоа позитивно мислење на Барањето за автентично толкување на член 21 став 1 точка 4, во врска со член 20 од Законот за данок на добивка, поднесено од пратеникот Енес Ибрахим, согласно кое се отвора можност за примена на придобивките од ослободување од двојно оданочување за права на интелектуална сопственост (книжевни, ликовни, научни дела, вклучувајќи и кинематографски и телевизиски аудиовизуелни дела), а кои потекнуваат од земји со кои Република Северна Македонија има склучено меѓународни договори за избегнување на двојното оданочување. мч/ев/

 

Back to top button
Close