ЕвропаЕвропа.Портал

Меј: Изразувањето на Трамп за конгресменките е неприфатливо

Британската премиерка Тереза Меј смета дека „целосно е неприфатлив“ јазикот кој американскиот претседател Доналд Трамп го користи во многу негови твитови за пратениците во Конгресот од редовите на демократите, кои се мигранти.

Лондон, 15 јули 2019 (МИА) – Британската премиерка Тереза Меј смета дека „целосно е неприфатлив“ јазикот кој американскиот претседател Доналд Трамп го користи во многу негови твитови за пратениците во Конгресот од редовите на демократите, кои се мигранти.

Трамп вчера изнесе низа навреди на сметка на конгресменки, нарекувајќи ги предизвикувачи на немири родени во странство и им порача дека треба да се вратат во опустошените и сиромашни места од кадешто дошле.

Објавите на Трамп на Твитер биле остро осудени во јавноста.

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, ненси Пелоси изјави дека претседателот Трамп сака „Америка повторно да ја направи бела“. гт/

Таг
Back to top button
Close