СветСвет.Портал

Масовно апсење во Хонгконг, обвинети 44 лица поради немири

Полицијата во Хонгконг обвини 44 лица поради немири за време на антивладините протести изминатиот викенд.

Хонгконг, 30 јули 2019 (МИА)Полицијата во Хонгконг обвини 44 лица поради немири за време на антивладините протести изминатиот викенд.

Според полицијата, вкупно 49 лица се уапсени во неделата, во најголемото масовно притворање откако започнаа протестите на 9 јуни против законот кој дозволува криминална екстрадиција во Кина.

Обвинетите треба утре да се појават пред судот и тие можат да се соочат со максимална десетгодишна затворска казна доколку бидат прогласени за виновни.

Протестот во неделата не беше одобрен од полицијата и се смета за „нелегален собир“, но тоа не ги спречи десетици илјади луѓе да маршираат низ Хонгконг.

Полициското присуство на почетокот било релативно минимално, но подоцна кога започнале немирите бил употребен солзавец против демонстрантите, кои возвратиле со фрлање тули и поставување барикади од улични огради и скеле од бамбус.

Голем број демонстранти, исто така, не се согласуваат со мешањето на Кина во работите во Хонгконг, бидејќи на поранешната британска колонија и беше ветена полуавтономија до 2047 година. гт/

Таг
Back to top button
Close