0_Спорт.ПорталSport.SlajderРакомет

Македонските тимови ги добија противниците во ЕХФ-купот во женска конкуренција

Ждрепката во Виена денеска одлучи ЖРК Металург да се соочи со Метрако Заглебие Љубин од Полска, додека ЖРК Куманово за ривал го доби чешкиот клуб Славија Прага.

Виена, 16 јули 2019 (МИА) – Македонските ракометни претставници, Металург и Куманово денеска ги добија своите противници во ЕХФ купот во женска конкуренција.

Ждрепката во Виена денеска одлучи ЖРК Металург да се соочи со Заглебие Љубин од Полска, додека ЖРК Куманово за ривал го доби чешкиот клуб Славија Прага.

Првите дуели се играат на 7 или 8 септември, додека реваншите се закажани за по една седмица.

Двата македонски претставници ќе бидат домаќини во првите натпревари.вз

Таг
Back to top button
Close