0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Магдевски уште две години во МЗТ

Магдевски имаше забележителен настап во минатата сезона за „металците“ во која дојде до првиот шампионски пехар во кариерата, во чие освојување имаше голем придонес.

Скопје, 18 јули 2019 (МИА) – Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Андреј Магдевски денеска го продолжи договорот со МЗТ Скопје за следните две сезони.

Магдевски имаше забележителен настап во минатата сезона за „металците“ во која дојде до првиот шампионски пехар во кариерата, во чие освојување имаше голем придонес.

Минатата сезона тој настапи на 26 средби во АБА2-лигата со просек од 4,9 поени, 2,7 скока и 2,7 асистенции додека во домашното првенство на 34 средби просечно реализираше 8,8 поени заедно со 3,7 асистенции и 3,1 скокови.

Магдевски ја мина младинската школа на Реал Мадрид, потоа извесен период настапуваше за Партизан, по што се врати во Македонија, каде прво настапуваше за ФЕНИ и Гостивар.

Во 2012 година доби привилегија да биде дел од кампот на Мајкл Џордан, прво во Лондон каде што беше меѓу најдобрите, а потоа и во американскиот град Шарлот.вз

Таг
Back to top button
Close