Дописници МКДОпштински вести

Лежечки полицајци поставени во Гевгелија и Негорци

На најфреквентните улици во Гевгелија и Негорци поставени се десет лежечки полицајци со цел да се успори брзината на движење и да се обезбеди поголема безбедност на пешаците.

Гевгелија, 23 јули 2019 (МИА) – На најфреквентните улици во Гевгелија и Негорци поставени се десет лежечки полицајци со цел да се успори брзината на движење и да се обезбеди поголема безбедност на пешаците.

– Од десетте поставени успорувачи на брзината, седум се уредени според најновите стандарди, односно имаат широчина од четири метри и истовремено се одбележани и како пешачки премини, информираат од општината.

Вакви лежечки полицајци се поставени на места во градот каде движењето на пешаците е најголемо, како пред училиштата, детските градинки и игралишта и пред големите супер маркети, а класични лежечки полицајци се поставени на влезот и пред училиштето во Негорци, како и пред детското игралиште во Серменинска маала во Гевгелија.

Наредниве денови е најавено поставување и на соодветна вертикална сигнализација. им/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close