Дописници МКДОпштински вести

Кичевски „Комуналец” уште еднаш апелира во контејнерите да се фрла само комунален отпад

Јавното претпријатие „Комуналец“ од Кичево упати уште еден апел до граѓаните да не фрлаат тврд отпад во контејнерите за ѓубре. Повод за новиот апел на претпријатието, е тоа што на улицата „Гоце Делчев“, од „Берза" до „Стар Агрокоoп" , до местото за собирање смет, бил фрлен тврд отпад.

Кичево, 17 јули 2019 (МИА) – Јавното претпријатие „Комуналец“ од Кичево упати уште еден апел до граѓаните да не фрлаат тврд отпад во контејнерите за ѓубре. Повод за новиот апел на претпријатието, е тоа што на улицата „Гоце Делчев“, од „Берза” до „Стар Агрокоoп” , до местото за собирање смет, бил фрлен тврд отпад.

-Оваа ситуација наликува на вандализам на јавната површина од страна на несовесни граѓани.
Затоа, ги молиме граѓаните да не фрлат такви предмети на местата за собирање на отпад, што ја попречуваат нашата секојдневна работа, велат од „Комуналец“.

Оттаму соопштуваат дека сторителот и оние кои ќе го оштетат јавниот имот ќе се казнуваат согласно законот. рз/ир

Таг
Back to top button
Close