Дописници МКДОпштински вести

Карбинци продаде три парцели за изградба на индустриски капацитети

Општина Карбинци успеа да продаде три градежни парцели во индустриската зона. Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев денеска информираше дека постигната е и висока цена на една од парцелите, која се продала за 11 денари за квадратен метар.

Штип, 19 јули 2019 (МИА) – Општина Карбинци успеа да продаде три градежни парцели во индустриската зона. Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев денеска информираше дека постигната е и висока цена на една од парцелите, која се продала за 11 денари за квадратен метар.

Според него, најважно е што станува збор за сериозни инвеститори, што треба да изградат свои капацитети во зоната.

– Мене особено како градоначалник ме радува што сите овие фирми што ги купија градежните парцели се докажани фирми кои веќе имаат организирано производство. Се работи за фирми од кои едната работи во кондиторството, во производство на слатки, преработки на шеќер, чоколадо, крем. Втората фирма е во делот на месната индустрија, работи со пакување и производство на сувомеснати производи и третата фирма работи со макробиотска храна. Ова за Општина Карбинци значи заживување на овој дел од индустриската зона, рече Насев.

Тој забележува дека со изградбата на капацитетите ќе се намали и невработеноста, а младите ќе останат во своите населени места.

– За нас е од голема важност што ние преку оваа аукција успеавме да донесеме тројца инвеститори кои ќе градат и ќе бидат бенефит за Општина Карбинци, вели Насев.

Во индустриската зона во Општина Карбинци остана уште една не продадена градежна парцела. вдј/рп/

Back to top button
Close