0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Капитенот на Лион заминува во Бетис

Факир ќе подлегне на лекарски преглед, за веднаш потоа да го потпише договорот со Бетис, од кој неговиот досегашен клуб Лион треба да добие околу 20-25 милиони евра.

Париз, 22 јули 2019 (МИА) – Капитенот на француски Лион, Набил Факир, веќе пристигнал во Севиља за да го заокружи трансферот во шпанскиот Бетис.

Факир ќе подлегне на лекарски преглед, за веднаш потоа да го потпише договорот со Бетис, од кој неговиот досегашен клуб Лион треба да добие околу 20-25 милиони евра.

Факир  во Бетис ќе го замени Џовани Ло Келсо кој заминува кај Тотенхем за 70 милиони евра.

Капитенот на Лион, пред една година беше блиску до трансфер во Ливерпул за 60 милиони евра, но зделката пропадна. ем/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close