СветСвет.Портал

Израелската армија по грешка застрела палестински војник

Израелската армија денеска уби припадник на Хамас во градот Беит Ханоун, северниот дел на Појасот Газа

Газа, 11 јули 2019 (МИА) – Израелската армија денеска уби припадник на Хамас во градот Беит Ханоун, северниот дел на Појасот Газа.

Според израелската армијата тој бил застрелан по грешка. Тоа е прв инцидент од мај кога беше постигнат неформален прекин на огнот.

Хамас соопшти дека израелската армија „намерно пукала“ и се закани со одмазда за убиениот член.
Израел и Хамас во мај беа на работ на војна, што беше најжесток судир од војната во 2014 година.

Палестинците го гранатираа Израел, а израелската армија изврши повеќе воздушни напади врз цели во Појасот Газа. Во судирите загинаа 23 Палестинци и петмина Израелци. Египет, Катар и посредниците од Обединети нации не успеаја да постигнат траен прекин на огнот. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close