0_Македонија.ПорталДописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Изложба на Дарко Трпчески во Куманово

Изложбата на слики и цртежи „Раѓање на идејата“ (Анамнестика) од авторот Дарко Трпчески ќе биде отворена вечерва со почеток во 20:00 часот во кумановскиот центар за култура „Трајко Прокопиев“.

Куманово, 11 јули 2019 (МИА) – Изложбата на слики и цртежи „Раѓање на идејата“ (Анамнестика) од авторот Дарко Трпчески ќе биде отворена вечерва со почеток во 20:00 часот во кумановскиот центар за култура „Трајко Прокопиев“.

Кумановци ќе имаат можност да видат дваесетина слики и цртежи кои авторот ги работел последниве години.

– Митолошките битија во историјата на човештвото го заземаат челното место во сите религии на цивилизациите. Ликовното дело пред се, е составено од знаци и симболи.  Уметноста која го  презентира јазикот на симболите, не може да се издвои само како идеја, композиција, форма и облик. Таа е врзување (единство) на истите. Знаци, кодови, доминантни кодови, идеологии, митологии и референтни системи сите овие можат да бидат предизвикани од различноста на начините на гледање, пишува авторот .

Трпчески, дипломирал на Факултет за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје, отсек Графика и графички техники со подотсек Конзервација и реставрација, а магистрирал на истиот Факултет отсек сликарство. Работел на живописување, конзервирање и реставрирање на повеќе цркви, на релјефни декорации, самостојно изложувал во Скопје, учествувал на повеќе групни изложби во државата и странство. ам/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close