Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Итен состанок на Вучиќ со соработниците по оставката на Харадинај

Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна вечерва со претседавачот и српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик и своите соработници, веднаш по информацијата за оставката на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, објави Танјуг.

Белград, 19 јули 2019 (МИА) – Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна вечерва со претседавачот и српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик и своите соработници, веднаш по информацијата за оставката на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, објави Танјуг.

На состанокот присуствуваат и министерот за одбрана Александар Вулин, министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ и генералниот секретар на шефот на државата Никола Селаковиќ.

Вучиќ утре ќе се обрати по повод оставката на Харадинај и нејзините евентуални импликации.

Харадинај денеска поднесе неотповиклива оставка, а како причина ја наведе поканата на Специјалниот суд во Хаг во својство на осомничен. гт/

Таг
Back to top button
Close