0_Спорт.ПорталТенис

Иснер со триумф во Њупорт

Американецот, кој беше лидер во шемата, победи со 7:6 (2), 6:3 во финалето против 22-годишниот Александар Бублик од Казахстан.

Њупорт, 22 јули 2019 (МИА) – Џон Иснер ја освои титулата на турнирот на трева во Њупорт од АТП 250 серијата со награден фонд од 583.000 долари.

Американецот, кој беше лидер во шемата, победи со 7:6 (2), 6:3 во финалето против 22-годишниот Александар Бублик од Казахстан.

Иснер го заврши мечот за час и 16 минути и ја освои четвртата титула во Њупорт по 2011, 2012 и 2017 година.

За седмиот во шемата, Бублик ова беше прво АТП финале.вз

Таг
Back to top button
Close