0_Македонија.ПорталВидеоВидео изјаваОпштество

Интерактивна вежба за заштита и спасување во случај на пожар

Девет лица се повредени од неисправно буре кое експлодира и предизвика голем пожар во атарот на село Миладиновци во близина на рафинеријата ОКТА, во кој огнената стихија ја гасеа над 350 луѓе од повеќе институции со над 80 технички средства за гаснење, како што се авиони, воз, цистерни и рачни прскалки.

Скопје, 19 јули 2019 (МИА) – Девет лица се повредени од неисправно буре кое експлодира и предизвика голем пожар во атарот на село Миладиновци во близина на рафинеријата ОКТА, во кој огнената стихија ја гасеа над 350 луѓе од повеќе институции со над 80 технички средства за гаснење, како што се авиони, воз, цистерни и рачни прскалки.

Ова е сценариото за предизвикан пожар што го организира Дирекцијата за заштита и спасување, заедно со МВР, противпожарните единици на Скопје и Куманово, компаниите ОКТА и Макпетрол, месното население од Миладиновци и други.

Според сценариото, кое предвидува три фази, по експлозијата распламтениот оган го гаснеа цистерните на противпожарните единици, а поради големината на зафатената површина интервенираа и авионите на Дирекцијата кои помогнаа во гаснењето.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џаферовски информираше дека целта на оваа вежба е превентивна и покажување на капацитетите, спремноста и функционалноста на опремата на сите учесници во сценариото, како и координацијата за справување во вакви катастрофи.

– Предвидено е сценарио каде што може да ескалира целата ситуација затоа што се работи во близина на еден голем комплекс како што е ОКТА, односно справување со катастрофи во случај на техничко-технолошки моменти на катастрофа. Оваа вежба ќе покаже една мултикомплексен, односно брз одговор на сите чинители кои се денес присутни, истакна директорот Џаферовски.

Тој нагласи дека ова е еден од најголемите зафати на Дирекцијата каде што се покажува единство на сите институции и воспоставување систем на заштита и спасување во нашата земја.

Џаферовски потенцира дека пораката што ја испраќа оваа вежба е вклучување на цивилната заштита, како и подигање на свеста на населението за важноста на вакви настани и вклучување на секој поединец, на медиумите како општествено одговорни за справување во вакви ситуации и заштита на населението. бк/сп/

Back to top button
Close