0_Спорт.ПорталФудбал

Интер со нова понуда за Лукаку

Интер понуди 67 милиони евра и бонуси за Ромелу Лукаку, износ кој Манчестер Јунајтед би го добил наредните три години.

Милано, 16 јули 2019 (МИА) – Интер понуди 67 милиони евра и бонуси за Ромелу Лукаку, износ кој Манчестер Јунајтед би го добил наредните три години.

Медиумите во Италија пишуваат дека последната понуда на Интер конечно ќе ги заокружи преговорите за белгискиот репрезентативец што траат веќе долго време.

Италијанскиот клуб испрати различни понуди кои вклучуваа опции на позајмување со можност за купување на крајот на сезоната, но истите клубот од Олд трафорд ги одбиваше.

Јунајтед, со последната понуда од 67 милиони евра, заедно со бонусите, може да заработи вкупно 88 милиони евра, колку што и бараше за услугите на нивниот напаѓач.

Инаку, Лукаку дојде во Манчестер 2017 година, каде за „црвените ѓаволи“ одигра 66 натпревари и постигна 28 голови. ем/сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close