СветСвет.Портал

Индија успешно лансира ракета на Месечината

Индија денеска успешно ја лансира својата втора мисија на Месечината, откако пред една недела го прекина лансирањето на леталото поради технички проблеми.

Њу Делхи, 22 јули 2019 (МИА) – Индија денеска успешно ја лансира својата втора мисија на Месечината, откако пред една недела го прекина лансирањето на леталото поради технички проблеми.

Ракетата Чандрајан 2 е лансирана денеска од вселенската станица Шрихарикоте, а се вршел и телевизиски пренос.

Индија очекува дека нејзината мисија, вредна 150 милиони долари, ќе биде прва што ќе слета на јужниот пол на Месечината.

Мисијата ќе биде фокусирана на Месечевата површина, барање вода и минерали и мерење на Месечевите потреси. гт/

Таг
Back to top button
Close