ЕвропаЕвропа.Портал

Холандската Влада ја прифаќа одлуката на Врховниот суд за делумната одговорност за Сребреница

Холандската Влада соопшти денеска дека ја прифаќа одлуката на Врховниот суд на Кралството Холандија дека оваа земја е делумно одговорна за смртта на 350 муслимани во 1995 година на подрачјето на Општина Сребреница, во Босна и Херцеговина.

Амстердам, 19 јули 2019 (МИА) –  Холандската Влада соопшти денеска дека ја прифаќа одлуката на Врховниот суд на Кралството Холандија дека оваа земја е делумно одговорна за смртта на 350 муслимани во 1995 година на подрачјето на Општина Сребреница, во Босна и Херцеговина.

„Владата ја прифаќа одлуката на Врховниот суд. Државата со тоа ја прифаќа штетата што ја одреди Врховниот суд“, се наведува во соопштението на холандското Министерство за одбрана, пренесоа британските медиуми.

Убиените 350 лица во Сребреница, за кои Холандија ја има одговорноста, биле истерани од базата на холандскиот баталјон на ОН, на 13 јули 1995 година, по што сите биле ликвидирани. сд/

Back to top button
Close