АнализаБизнисБизнис.ПорталДописници МКД

Х Фактор Акцелератор им помага на новооснованите бизниси да стигнат до успех

Х Фактор Акцелератор прв надвор од Скопје и прв во Вардарскиот плански регион им стои на располагање на старт-ап компаниите. Понудата се состои од финансиски средства, менторирање, советување и поддршка во сегментите што се потребни на старт-ап компанијата. Акцелераторот таргетира новоосновани бизниси што се во почетна фаза од нивниот развој и имаат иновативен и брзорастечки потенцијал. Во поглед на дејноста на старт-ап компаниите ограничувања не постојат, но сепак приоритет имаат оние што ќе понудат дигитализирани иновативни решенија во традиционалните сектори.

Велес, 11 јули 2019 (МИА) – Х Фактор Акцелератор прв надвор од Скопје и прв во Вардарскиот плански регион им стои на располагање на старт-ап компаниите. Понудата се состои од финансиски средства, менторирање, советување и поддршка во сегментите што се потребни на старт-ап компанијата. Акцелераторот таргетира новоосновани бизниси што се во почетна фаза од нивниот развој и имаат иновативен и брзорастечки потенцијал. Во поглед на дејноста на старт-ап компаниите ограничувања не постојат, но сепак приоритет имаат оние што ќе понудат дигитализирани иновативни решенија во традиционалните сектори.

Инаку, по распишаниот конкурс 11 од нив ја поминаа првата евалуација   и како апликанти влегоа  од предакцелараторската програма, што е во тек со серијал панел дискусии насловени „Бизнис разговори за успешен старт-ап, а која ќе трае до септември.

Проектот се реализира со подршка на Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Светска банка.

Х Фактор Акцелератор за побрз економски развој во регионот

Овој  е првиот и единствен акцелератор во регионот, а кој е основан од четири приватни инвеститори со големо практично искуство во креирање, управување и поддршка во развојот на успешни старт-апи.

Х Фактор Акцелератор го сочинуваат Милан Димитриевски   претприемач, кој во периодот од основањето на сопствената компанија  „Делта-Пром“ ИНГ во 2013 година па се до денес ја извршува функцијата генерален менаџер. Сашко Панчевски, претприемач од 2008 до денес е основач и извршен директор на „Еуропап“ ДОО Скопје. Тодор Левков, експерт во финансиски менаџмент во својата 30-годишна професионална кариера во банкарскиот сектор бил и директор на филијалите на Стопанска и Комерцијална банка и др. Игор Андреев  маркетинг истржувач и бизнис консултант, поседува повеќе од десетодишно искуство во консултантскиот бизнис и во креирањето успешни старт-ап проекти.

Милан Димитриевски косопственик и управител на Акцелераторот, појаснува дека имајќи ги предвид посттранзациските економски проблеми, со кои се соочува Општина Велес, но и регионот, идејата за формирање на Х Фактор Акцелератор се појавила како резултат на потребите  да се забрза економскиот развој.

-Целта  е да се поттикне развојот на претприемништвото и развојот на нови иновативни бизниси надвор од главниот град, да се создадат можности за нови вработувања, особено помеѓу помладата генерација и да се раздвижи регионалната старт-ап сцена, појасни Димитриевски.

Тој информира дека визијата на Х Фактор Акцелератор е да биде водечки бизнис акцелератор во регионот и пошироко со мисија да го  поттикне и регионалното претприемништво преку раздвижување на старт-ап сцената надвор од Скопје.

Појаснува дека  Акцелераторот таргетира новоосновани бизниси што се во почетна фаза од нивниот развој и имаат иновативен и брзорастечки потенцијал.

-Пожелно  е, но не е одлучувачко старт-апот да има комплетен тим, развиен прототип и веќе постоечки клиенти. Овие старт-апи се најатрактивни, но за секој недостаток нашиот тим е подготвен да помогне во секој аспект од  неговиот развој, од излегување на пазар, па  понатаму, појаснува Димитриевски.

Тој информира дека во поглед на дејноста на старт-апите ограничувања не постојат, но сепак приоритет имаат оние кои ќе понудат дигитализирани иновативни решенија во традиционалните сектори.

Што нуди Акцелераторот?

Понудата на Акцелераторот се состои од финансиски средства, менторирање, советување и поддршка во сегментите што му се потребни на старт-апот. Во земена за сето тоа акцелераторот станува дел од старт-апот со малцински удел.

Постојат две фази на инвестирање, првата фаза подразбира инвестиција за пет до десет старт-апи во максимален износ од 30 илјади евра, а втората фаза подразбира следна фаза кај 2-3 старт-апи што ќе покажат најголем потенцијал и потреба од дополнителна инвестиција за брз раст. Оваа инвестиција ќе биде од максимум 70 илјади евра и ќе биде искористена за скалирање на бизнисот.

Во проектите на стартапи се вклучени претежно млади иновативни луѓе што нудат интересни IOT решенија Internet of Things. Автономни дронови со софтвери за разни намени, напредни решенија за менаџмент со човечки ресурси, иновативни Agri Tech решенија, мобилни апликации во ХоРеКа секторот, производство на првиот македонски воздухоплов, вендинг машини и слично.

Во изминатите неколку месеци откако е отворена можноста за аплицирање преку веб  страната, тие  интервјуирале, разгледале и направиле првична евалуација на повеќе од 40 старт-апи.

Од нив првата евалуација ја поминале 11 апликанти, а  со кои на 1 јули ја започнаа  предакцелераторската програма  што ќе трае до септември.

Тие до октомври очекуваат Комитетот за инвестиции да донесе одлука за инвестирање во дел од нив.

Димитриевски  информира дека паралелно со ова, сите заинтересирани старт-апи ќе имаат можност да аплицираат преку нивната веб страна www.xfacc.mk со пополнување на кратката апликациска форма се’ до крајот на оваа година.

Тој  најава дека се планира и  формирање на првиот и единствен иновациски хаб во регионот. Во проектот се вклучени група искусни програмери, како и повеќе релевантни чинители, поддржувачи на акцелератороти што сакаат да покажат дека и од Велес се може.

-Патот до успехот не е така едноставен како што некој го замислува. Ние што го одиме сме свесни за тоа. Токму затоа тука е акцелераторот заедно со старт-апите,  за да стигнеме до целта, потенцира Димитриевски.

Менторска подршка

Освен финансиската нудат и менторска поддршка од искусни практичари кои имаат стартувано сопствени бизниси и успешно управуваат со нив.

Тука е мрежа од ментори и консултанти во разни сфери од бизнисот со кои имаат воспоставено контакти, а како водечки консултант во целиот процес е Михаил Китановски од Д2ЕМ Консалтинг.

-Јас ќе им помагам на фирмите да ги воспостават интерно менаџмент системите, како и во делот на учење за самата индустрија каде што ќе се користи математика, физика, хемија, анатомија, магнетика, роботика и било што од дигиталниот свет, што е првата моја функција. Втората е во делот на менаџмент, што значи тргување, креативен менаџмент и обезбедување можни соработници-клиенти за нивниот производ или услуга во светот, најави Китановски.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски информира дека во изминатите две години постигната е бројка од скоро 250 компании, вклучувајќи го и последниот стар-ап повик што го финансира Светската банка.

-Тоа значи дека 250 компании-микро, мали, средни и големи  од приватниот сектор веќе  користат средства од околу 40 милиони евра, од кои 23-24 милиони евра се на државата и Светската банка, а остатокот компаниите сами го обезбедуваат. Придобивка од ова е што во нив околу илјада лице се веќе вработени и имаат  повисоки плати за  околу 40 илјади денари и им изнесуваат од  70 до 80 илјади денари. Тоа е двојно повеќе над националниот просек, информира  Деспотовски.

Тој потенцира дека компаниите што користат средства од програмите на  ФИТР,   од планот за економски раст на Владата, позабрзано растат и во однос на приходите  и во однос на добивката.

Воедно најави дека  наскоро ќе ги презентираат податоците што покажуваат дека  компаниите кои вложуваат во иновациите, растат многу побрзо во однос на останатите економски субјекти.

-Ние со Акцелераторот ќе правиме напори да се зајакнат капацитетите на претприемачите успешно да ги реализираат своите идеи, потенцира Деспотовски.

Тој информира дека во соработка  со Владата  продолжуваат со овие  програми, бидејќи како што потенцира очекуваат и веќе се гледаат првите резултати во економијата.

Филип Андоновски од „Агро Солар “ од Штип и студент на Универзитетот „Гоце Делчев“  во Штип, е претставник на една од  старт – ап фирмите кои ја започна предакцелераторската програма.

Тој потенцира дека во време  кога многу млади се иселуваат од земјава, нивна задача како млади претприемачи  е  да се погрижат  да ги задржат тука.

-Приватниот сектор нуди големи можности што чекаат да бидат искористени, да се започне нов бизнис, да се промовираат идеи, иновации на домашниот и на странскиот пазар. Затоа јас не се согласувам со многумина млади кои тврдат дека нема работа во нашата држава. Секој може да успее доколку работи на своите вештини и добро го истражи пазарот на трудот. Треба да се истражат барањата на луѓето, нивните проблеми и потешкотии при нивното работење се’ со цел да се дојде до некоја иновација или идеја. Не велам дека е лесно да се изоди патот до успехот. Факт е дека постојат пречки и проблеми посебно во приватниот сектор. Сведоци сме на експлоатација на работна сила, но со имплементација на европските пракси и закони тие пречки треба да станат минато, потенцира Андоновски.

Тој заклучува дека целта на секој млад претприемач треба да биде промоција на наш производ, услуга и идеа на нашиот и на странскиот пазар. Воедно потенцира дека на тој пат кон успехот на нивната фирма голема е  заслугата  што веќе ја  добиваат и понатаму  ја очекуваат  од Х Фактор Акцелераторот.

Антоанела Димитриевска

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close